залез | м.

Заоѓање на сонцето зад хоризонтот; заод, зајдисонце; изгрев. Залез на сонцето. Од изгрев до залез работеше по нивите.

залекува | св.

Почне да лекува; лекува. Таа го залекува детето со разни тревки.

залелека | св.

Почне да лелека. Жената силно залелека.

залепи | св.

Спои, состави нешто со лепење. Таа ги залепи сликите во албумот. Тој фати светулка и со рака ја залепи на челото.

залет | м.

Брзо трчање, забрзување пред скок или пред фрлање на нешто. Со голем залет го прескокна ендекот.

залета | св.

Почне да лета. Ластовиците залетаа ниско.

залетне | св.

При голтање навлезе храна во душникот и предизвика проблеми со дишењето. Му залетна едно ронче од лебот во душникот.

залечи | св.

За рана, за болест – привремено, донекаде излечи, доведе во добра состојба. Застанаа во селото да се одморат и да си ги залечат раните.

залив | м.

Дел од море, од езеро или од поголема река што навлегува во копното. Се шетавме покрај заливот. Брегот на заливот е непристапен.