залута | св.
Почне да лута, да скита; лута. Тој залута низ улиците на градот.
залутан | прид.
Што е загубен, изгубен, дезориентиран. Залутан патник. Залутани куршуми. Залутан поглед.
залути ми | св.
Почне да ми (ти, му...) лути од нешто; ми (ти, му...). Пиперките ми залутија.
залче | ср.
заљубен | прид.
Што чувствува љубов спрема некого; вљубен. Двајцата заљубени ја криеја својата љубов.
заљубеник | м.
Тој што е заљубен, тој што сака некого или нешто; Страстен заљубеник. Заљубеник на виното. Заљубеници во зборот.
заљуби | св.
Почувствува љубов спрема некого, засака некого. Тој ја заљубил поповата ќерка и ја зел за жена.
заљублив | прид.
Што лесно се заљубува. Заљублива девојка.
замав | м.
Силно и енергично движење со крената рака, обично при удар или при фрлање. Со еден замав го фрли противникот во калта. Со брз замав го тргна јорганот.
замава | св.
Почне да мава, да удира. Тој замавал со стапот по грбот на магарето.