замазни | св.

Направи нешто да стане мазно. Градинарот ја замазни леата со гребло. Таа си го замазни фустанот со пеглата.

замајан | прид.

Што е занесен; замае 2. Нè гледаше со замајан поглед.

замака | св.

Почне да мака, да потопува парче леб во храна. Со големи залаци замакаа во чиниите.

замали | св.

Таа замали од плачење.

заман | м.

Време.

замандали | св.

Затвори врата со мандало. Тој ја замандали портата.

замаршира | св.

Почне да маршира. Откај мостот замаршираа војници.

замаскира | св.

Стави маска, преправи некого или нешто да не се распознава. Крадецот го замаскира своето лице.

замасти | св.

Стави маст во јадење. Попарата добро ја замасти.