индиферентизам | м.

Негрижа, рамнодушност спрема некого или нешто.

индиција | ж.

Знак, предзнак, симптом; околност според која се заклучува и суди за нешто. Врз основа на многу индиции, се утврди дека нашата претпоставка е точна.

Индија | ж.

Држава во Азија.

Индијанец | м.

Домородец од американскиот континент.

Индоевропеец | м.

Назив за повеќе меѓусебно сродни групи европски народи, кои го сочинуваат мнозинството на денешното население во Европа, двете Америки и Австралија, како и индоиранските народи.

Индокина | ж.

Полуостров во Азија.

индоктринација | ж.

Усвојување на определена доктрина, настојување на некоја организирана сила да наметне определени сфаќања, верувања и начини на однесување.

индоктринира | св. и несв.

Наметне, неметнува некому определена доктрина.

индолентен | прид.

Што не покажува грижа; нечувствителен, рамнодушен, мрзлив. Не смееме да бидеме индолентни и рамнодушни.