индоленција | ж.
Нечувствителност, рамнодушност; тромавост, мрзливост. Не можам да ја поднесам оваа нивна бескрајна индоленција.
Индонезија | ж.
Држава во Азија.
индуктивен | прид.
Што се добива или што е добиен по пат на индукција. Индуктивен метод. Индуктивен заклучок.
индуктор | м.
Електричен апарат со чија помош се добива електрична струја со висок напон по пат на индукција.
индукционен | прид.
индукција | ж.
Изведување заклучоци од поединечното кон општото, од случајното кон законитото; дедукција.
индустрија | ж.
Стопанска дејност што ја опфаќа фабричката преработка на суровини во полупроизводи и во готови производи.
индустријалец | м.
Сопственик на индустриско претпријатие.
индустријализација | ж.
Индустриски развој, процес на воведување фабричко производство место дотогашното ситно рачно производство.
индустријализира | св. и несв.
Воведе, воведува индустријализација.