индиго | ср.
(само едн.) Тропско растение од кое се добива темносина боја; Indigofera tinctoria.
индикативен | прид.
Што укажува на нешто, што означува нешто, што дава индикација.
индикатор | м.
Показател. Расположението на граѓаните е основен индикатор на ситуацијата во земјава.
индикација | ж.
Показател, знак, ознака.
индиректен | прид.
Што е посреден, заобиколен. На индиректен начин ги извлеков информациите од него.
Индиски Океан | м.
Океан меѓу Африка и Азија.
индискретен | прид.
Што е премногу љубопитен, што не знае да чува тајна; зборлест, наметлив. Поставуваше многу индискретни прашања.
индискреција | ж.
Преголема, непристојна љубопитност, наметливост, газење на довербата.
индиспониран | прид.
Што се чувствува непријатно; нерасположен, без волја за работа и сл.
индиферентен | прид.
Што не се грижи; рамнодушен, незаинтересиран. Индиферентен човек.