инервација | ж.
Пренесување на дразбите од централниот нервен систем до органите преку нервите.
инертен | прид.
Што е без иницијатива, тромав, мрзлив, пасивен.
инерција | ж.
(физ.) Својство на телото да ја задржи својата состојба на мирување или на рамномерно праволиниско движење.
инженер | м.
Лице со високо техничко образование. Градежен инженер. Машински инженер. Шумарски инженер.
инженеринг | м.
Дејност на специјалисти врз целокупната разработка и изведба на некој проект (градежен, индустриски, технички итн.).
инженерија | ж.
Род во војската што се занимава со технички и градежни работи.
инженерство | ср.
Високо техничко образование, студии за инженер.
иницијал | м.
(обично во мн.) Првите букви од името и презимето. Во аголот на шамичето беа навезени нејзините иницијали: К. Ј.
иницијален | прид.
Што е почетен, првичен, појдовен, основен. Иницијалната идеја за овој зборник потекна токму од него.
иницијатива | м.
Почетна идеја, побуда, поттик за некоја работа. На негова иницијатива се организираше работна акција. Недостигаше иницијатива за да се отпочне со работа.