интабулација | ж.
Внесување, запишување на имотно право и обврски во катастарските книги.
интарзија | ж.
Уметничко украсување на предмети од дрво со вметнување на парчиња од дрво, бисер, седеф, слонова коска и др.
интеграл | м.
Величина добиена како резултат на операција спротивна на диференцирањето и се разгледува како сума од своите најмали делови.
интегрален | прид.
(мат.) Што се однесува на интеграл. Интегрално сметање.
интегративен | прид.
Што интегрира, поврзува, што обединува. Интегративен процес.
интеграционен | прид.
Што се однесува на процесот на интеграција.
интеграција | ж.
Поврзување на определени делови во целина поради заеднички интереси и за поуспешно дејствување; интегрирање, соединување, обединување.
интегрира | св. и несв.
Поврзе, поврзува во една целина, соедини, соединува, обедини, обединува. Владата ги интегрира тие две организации.
интегрираност | ж.
Поврзаност во една целина, единство. Интегрираност на жените во политиката.
интегритет | м.
Целокупност, зачувана целост; неприкосновеност.