интелект | м.
Ум, разум; моќ и способност на човекот за сфаќање, разбирање, спознавање. Тој имаше извонредно висок и жив интелект.
интелектуален | прид.
Што се однесува на интелект; мисловен, духовен. Ниско ителектуално ниво. Интелектуална дејност. Интелектуален работник.
интелектуалец | м.
Образован човек што се занимава со умствена, духовна, творечка дејност; умствен работник.
интелигент | м.
интелигентен | прид.
Што сфаќа и расудува лесно и правилно; паметен, бистар, остроумен. Беше способен и извонредно интелигентен човек.
интелигенција | ж.
Вродена умствена способност за правилно разбирање на појавите во животот, за изнаоѓање решенија; бистрина, проникливост, остроумност. Природна интелигенција. Тест за интелигенција.
интендант | м.
Лице што ја снабдува војската со храна, облека и други животни потреби. Тој беше одреден на должноста интендант во штабот.
интендантура | ж.
Установа што раководи со снабдувањето на војската со храна, облека, пари и со други потреби. Беа ограбени магацините на интендантурата.
интензивен | прид.
Што е изразен во голема мера, напрегнат, силен, жив, бурен. Интензивна работа.
интензивира | св. и несв.
Направи, прави да биде нешто поинтензивно, засилува, зголемува, напрегнува. Се обиде да ја интензивира собирачката дејност во тој крај.