интернационализира | св. и несв.

Направи, прави нешто да стане интернационално; му даде, дава на нешто или некому меѓународен карактер.

интернационалист | м.

Приврзаник на интернационализмот. Тој е хуманист и интернационалист, борец за рамноправност, за национална и социјална правда.

интернација | ж.

Протерување сосила од местото на живеење; интернирање.

Интернет | м.

Во компјутерската технологија ‒ светски раширена компјутерска мрежа што им овозможува на корисниците пристап до големите светски бази на податоци.

интернира | св. и несв.

Принудно протера, протерува лице или група луѓе (политички сомнителни граѓани, странци, воени бегалци, економски емигранти и сл.) во определено место на престојување под полициска контрола и со ограничена слобода на движење или со затворање во логор.

интернист | м.

Лекар ‒ специјалист за внатрешни болести.

интернистички | прид.

Што се однесува на интернист. Интернистичка амбуланта.

интерпарламентарен | прид.

Што се однесува на соработка меѓу парламенти од различни земји; меѓупарламентарен. Интерпарламентарна унија.

интерпелација | ж.

Прашање од некој пратеник во парламентот упатено до владата или до некој нејзин член со кое се бара писмен или устен одговор во врска со некој настан, предмет или проблем.

интерпелира | св. и несв.

Поднесе, поднесува интерпелација.