интерпретатор | м.
Лице што ја толкува и објаснува содржината или смислата на текст, книга и сл. Наставникот е интерпретатор на наставниот материјал. Интерпретатор на литература.
интерпретација | ж.
Толкување, објаснување на содржината или смислата на нешто (на некој текст, книга, закон итн.).
интерпретира | св. и несв.
Протолкува, толкува, објасни, објаснува.
интерпункција | ж.
Правописни знаци што служат за означување на речениците и нивните делови, паузите и интонацијата на речта (точка, запирка, прашалник, извичник, загради и др.).
интеррегнум | м.
Временско растојание од престанувањето на една власт до настапувањето на друга; време кога нема владетел, кога владее намесник.
интима | ж.
Внатрешна, скриена содржина на душевниот живот на секој човек, она што е длабоко лично, внатрешно, само свое. Тешко е да се насети и да се спознае човековата интима.
интимен | прид.
Што е длабоко личен, внатрешен, скриен. Интимни чувства.
интимничи | несв.
Си дозволува преголема интимност со некого.
интоксикација | ж.
Труење на организмот со отрови, внесени или создадени во него.
интонација | ж.
Различен начин на повишување и снижување на гласот при говорење, изразување чувства, расположби. Се чувствува тажна интонација кај македонските народни тажачки.