интересовен | прид.

Што се засновува врз интереси. Интересовна група.

интересчија | м.

Човек што ги гледа само сопствените интереси со цел да искористи некого или нешто. Чудни луѓе сме: арамии, интересчии, ненаситни итромани.

интермедиумски | прид.

Што претставува спој меѓу изразните облици на два или повеќе медиуми.

интермецо | ср.

Мала комична игра што се изведува меѓу чиновите на главната претстава.

интернат | м.

Установа, дом каде што се сместуваат ученици под постојан надзор на воспитувачи. Се спријателија во интернатот на вишата гимназија.

интернацинализам 1 | м.

Социјално-политичка доктрина што се стреми кон меѓународна солидарност, рамноправност и спогодување, против сите национални, расни, класни и верски предрасуди.

интернационала | ж.

Меѓународна политичка и идеолошка организација на работничката класа (на работничките, социјалистичките и комунистичките партии). Прва интернационала. Социјалистичка интернационала.

интернационален | прид.

Што се однесува на сите или на повеќе народи и држави, што е општ и што важи за сите или за повеќето од нив; меѓународен. Интернационална лексика. Интернационален збор.

интернационализам 2 | м.

Збор што се употребува (во иста или во слична форма) во многу јазици; меѓународен збор. Најширока употреба имаат интернационализмите од општествено-политичката терминологија.