инцестуозен | прид.

Што има одлики и склоност кон инцест. Инцестуозна желба. Инцестуозна опсесија.

инцидент | м.

Неочекувана, непријатна случка. Фудбалскиот натпревар помина без инциденти.

инцидентен | прид.

Што е случаен, непредвиден, неочекуван. Инцидентна средба. Инцидентен случај.

инч | м.

Англиска мерка за должина (2, 54 сантиметри).

инче | ср.

инчест | прид.

Што има облик на инка. Инчесто шише.

инјектира | св. и несв.

Стави, става инјекција.

инјекција | ж.

Течен лек што се внесува во организмот со игла и шприц. Лекарот ѝ препиша седум инјекции.

инќар | м.

Одрекување, оспорување.

инќари | несв.

Одрекува, оспорува. Преплашен почнал да инќари дека не е тој арамијата што го бараат.