ира | ж.

Штавена овча кожа.

ираде | ср.

Султанов декрет, указ, наредба. Со ираде беше речено да излезе цел град за да слушне што ќе каже султанот.

Ирак | м.

Држава во Азија.

ирам | м.

Домашен танок килим со кој обично се покриваат креветите.

Иран | м.

Држава во Азија.

ирационален | прид.

Што е несфатлив за човековиот разум, што не може логички да се објасни и изрази. Тоа се ирационални човечки нагони за меѓусебно убивање.

ирационализам | м.

Идеалистичко сфаќање според кое е невозможно светот и животот да се спознаат со разум, туку само преку интуицијата, инстинктот и чувството.

ирвас | м.

Вид северен елен; Rangifer tarandus.

иреален | прид.

Што не постои во стварноста, нестварен, нереален. Живееше некаков иреален живот кој немаше врска со стварноста.