инфрацрвен | прид.

Во составот: инфрацрвени зраци ‒ дел од светлосниот спектар што е невидлив за човековото око. Инфрацрвени зраци.

инфузија | ж.

Внесување течност (физиолошки раствор) во крвта, под кожата или во цревата на болниот при значителна загуба на крв за надоместување на телесните течности.

инхалатор | м.

Апарат за инхалација.

инхалација | ж.

Вдишување пареа од лековити средства.

инхерентен | прид.

Што е природно и неразделно споен или здружен; битен, својствен, неразделив.

инхибира | св. и несв.

Спречи, спречува, задржи, задржува; забрани, забранува. Стравот како чувство ја инхибира секоја активност на човекот.

инхибираност | ж.

Состојба на она што е инхибирано.

инхибиција | ж.

Сопирање, недопуштање, попречување.

инцест | м.

Полово општење со блиски сродници со кои е забранет брак поради роднинските врски; родосквернавење.

инцестен | прид.

Што се однесува на инцест;