иредентизам | м.

Движење и тенденција на националните малцинства да се присоединат кон земјата матица заедно со териториите каде што живеат во друга земја; иредента.

иредентист | м.

Приврзаник на иредентизмот.

ирелевантен | прид.

Што нема важност, безначаен, спореден. Тоа е ирелевантен фактор за мене.

иригатор | м.

Сад со гумена цевка што служи за измивање на внатрешни органи на телото.

иригационен | прид.

Што се однесува на иригација. Иригационен систем.

иригација | ж.

Наводнување на обработливата земја заради поголема плодност со помош на систем од канали.

иридере | ср.

Вид килим со прави линии во различни бои.

иридиум | м.

Хемиски благороден елемент сличен на платина, отпорен на хемиски влијанија; симбол Ir.

ирис | м.

(анат.) Предниот обоен дел на окото околу зеницата.

ирит | м.

Попречна хоризонтална греда на мутавџиски разбој.