иритација | ж.

Надразнетост, вознемиреност, растревоженост.

иритира | св. и несв.

Вознемири, вознемирува, растревожи, тревожи, раздразни, раздразнува некого со нешто. Таа зборуваше со глас што иритира.

иронизира | св. и несв.

Внесе, внесува елементи на иронија во прикажувањето на нешто; каже, зборува со иронија. Многу убаво си поминавме, јадевме дури и ќотек ‒ иронизираше тој.

ироничен | прид.

Што изразува, што содржи во себе иронија. Иронична насмевка.

иронија | ж.

Прикриено исмејување, при што се зборува спротивно од тоа што се мисли; потсмев, подбив. Во селото е познат по прекарот Поет, што содржи елемент на иронија.

Ирска | ж.

Име на остров во Атлантскиот Океан.

Ирско Море | ср.

Море меѓу островите Велика Британија и Ирска.

ис- | претс.

исав | м.

(само едн.) м. Милост, милосрдие. Море, без душа, без исав човек.

исавлија | прид.

Што е милосрден, што има милост. Турци беа, ама исавлии.