искалапи | св.

Заврши со калапењето (најчесто тутун). Го искалапивме тутунот.

искалеми | св.

Заврши со калемење. Дедо ми ги искалеми крушите.

искали | св.

Изврши калење на железо.

искалоса | св.

Извалка со кал. Си ги искалоса чевлите.

искамчи | св.

Постигне нешто, извлече нешто од некого со постојани и наметливи молби. Се обидов да искамчам одговор од неа. Искамчи малку пари од својот татко.

искамшикува | св.

Со камшикување натепа, казни некого. Го искамшикуваа пред сите.

искандира | св.

Прочита јасно нагласуваќи ги зборовите; извика парола; скандира. Откако ја искандира песната, зеде здив.

искап | прил.

До последна капка, докрај. Ја испи чашата до искап. Силите ми беа на искап.

искапе 1 | св.

Мајката го искапе девојчето.