искапе 2 | св.
Истече капка по капка.
искара | св.
Скара некого со забележливо позасилена лутина. Дедото ги искара внуците.
искарикира | св.
Прикаже со потсмевање, во облик на карикатура. Благо го искарикира портретот на еден наш политичар.
искаса | св.
Касне на повеќе места или неколку пати. Го искасаа пчели.
искасапи | св.
Исече, обработи месо како касап.
искастри | св.
Исече гранки на дрво. Ги искастри гранките на крушата.
искати | св.
Пченката ја собраа, ја искатија и ја оставија да се исуши.
искафти | св.
Со кафтење излупи клас од пченка.
искача | несв.
Излегува.
искачи | св.
качи2 Одвај го искачија мебелот на шестиот кат.