исколчи 1 | св.
Шине, измести од зглоб. Си ја исколчи клучната коска на рамото.
исколчи 2 | св.
Вкопа во земја, набие во земја повеќе колци на определена површина, обележи со колци. Го исколчивме лозјето. Ја исколчивме парцелата што ја купивме за викендичка.
искомандува | св.
Со командување нареди, даде команда. Капетанот искомандува јуриш.
искомати | св.
Исече, искрши, раздели на комати (обично за леб, месо и сл.). Ништо не касна, само го искомати лебот.
искомбинира | св.
искомплексира | св.
Направи некој да добие комплекс, комплекси. Ги искомплексира другарките со гардеробата од странство.
искомплицира | св.
искомпромитира (се) | св.
искон | м.
Прапочеток, почеток на сè. Многу поети се свртени кон исконот, кон митот.
исконски | прид.
Што е од искони, од самиот почеток до денес, што е наследен од далечното минато; вроден. Беше воден од исконскиот нагон за живот и желбата да се опстои.