исконструира | св.

конструира.

исконтактира | св.

контактира.

исконти | св.

Дотера, нагизди некого.

ископ | м.

Ископано место во земјата (јама, ров, канал и сл.). Ископот беше длабок два метра.

ископа | св.

Со копање направи во земјата бразда, јама, ров итн.

ископачи | св.

Извади, искорне од корен дрвја, растенија; Ги ископачија лозјата и ги засадија со друга сорта.

ископелка се | св.

Се извлече, се ослободи од тешка положба. Можеби сами ќе успеат да се ископелкаат оттаму.

ископина | ж.

Место каде што се врши ископување, вдлабнатина, јама. Ги видов археолошките ископини што се вршеа под руините на старата тврдина.

ископка | св.

Дем. од ископа.

искорени | св.

Извади од корен, отстрани, откорне. ископачи. Со голема мака го искорени пирејот од градината.