искричест | прид.

Што блеска како да фрла искри. Го изгубила оној искричест сјај во очите.

искришум | прил.

искрка | св.

Со кркање изеде до крај. Сама си го искрка ручекот.

искркоти се | св.

Од таа досетка сите се искркотија.

искрои | св.

а) Скрои целосно (костум, фустан итн.). б) Скрои сè што имало за кроење.

искрпи | св.

Поправи оштетена (скината, испарана) облека и сл. со крпење, закрпи сè што било за крпење. Жената ја искрпи кошулата со нови парчиња.

искрсне | св.

Се појави, се покаже одеднаш, ненадејно. Не можам да дојдам, ми искрсна еден проблем.