искрен | прид.

Што го искажува тоа што го мисли и чувствува, што не крие; отворен. Таа беше една простодушна и искрена жена. Дај ми искрен одговор, не сакам лаги.

искрест | прид.

Што светка како да фрла искри. Ги погледна црните искрести очи на девојката.

искри | несв.

Фрла искри, гори фрлајќи искри. Инсталацијата на разводната табла искреше неколку минути пред да избие пожар.

искривеност | ж.

Состојба на тоа што е искривено.

искриви | св.

Направи да стане нешто криво. Тој ги искриви металните шипки со специјални клешти.

искривоколчи | св.

Шине, измести. Брзајќи си ја искривоколчи ногата.

искрие | св.

Скрие сè со ред, сè до едно. Го искрија златото и другите вредни документи.

искристализираност | ж.

Состојба на тоа што е искристализирано.

искричав | прид.

Што искри, што фрла искри.