искркоти се | св.

Од таа досетка сите се искркотија.

искрои | св.

а) Скрои целосно (костум, фустан итн.). б) Скрои сè што имало за кроење.

искрпи | св.

Поправи оштетена (скината, испарана) облека и сл. со крпење, закрпи сè што било за крпење. Жената ја искрпи кошулата со нови парчиња.

искрсне | св.

Се појави, се покаже одеднаш, ненадејно. Не можам да дојдам, ми искрсна еден проблем.

искрши | св.

Скрши, раздели целина на парчиња, уништи со кршење. Детето ги искрши играчките.

искршка | св.

Со кршкање избега, се оддалечи (за зајак и сл.).

искубе | св.

Вади, истргне влакна или пердуви од корен. Ја искуба кокошката. Ми ја искуба косата.

искуп | м.

Искупување, избавување (од грев). Исповедањето е искуп од гревовите.

искупи | св.

Накупи многу нешта. Ги искупи сите блузи од продавницата.