искушение | ср.

Тоа што силно привлекува, што заведува; желба за нешто примамливо; соблазнување. Низ големо искушение минуваше: дали да се запопи или да се ожени?

искушеник | м.

Лице што служи во манастир и се подготвува да стане монах, калуѓер. Една година пред да стане монах беше искушеник во манастирот.

искушува | несв.

ислам | м.

Монотеистичка религија што ја основал во 7 век, во Арабија, пророкот Мухамед, која се засновува врз учењето на Коранот (Куранот); муслиманска вера, мухамеданство.

Исламабад | м.

Главен град на Пакистан.

исламизација | ж.

Исламизирање, примање на исламот, преминување во ислам.

исламизира | св. и несв.

Направи, прави некој да го прими исламот, нешто да стане исламско.

исламист | м.

Лице што се занимава со исламистика.

исламистика | ж.

Проучување на исламот.