Исланд | м.
Островска држава во Европа.
иследен | прид.
Што се однесува на иследување, што врши иследување;
иследи | св.
Спроведе целосна истрага, сестрано расветли криминално дело.
иследник | м.
Лице што врши истрага. Во записникот на иследникот стоеше дека во крвта му нашле опиум.
иследувач | м.
Човек што следи определена област; проучувач, истражувач; Тој е буден иследувач на културната историја на македонскиот народ. Иследувачите на нашата народна поезија укажуваат на нејзината оригиналност.
ислизне се | св.
Се извлече, се испушти, испадне со слизнување. Од џебот му се ислизна писмото и му падна на земја.
ислика | св.
Направи повеќе слики (цртежи, фотографии) до крај. Го ислика филмот и го даде на развивање.
ислужен | прид.
а) Што завршил со службата. б) (разг., пејор.) Што го минал работниот век, некорисен, неспособен. Тој беше веќе стар и ислужен.
ислужи | св.
Отслужи некоја служба. Младичот ја ислужи војничката служба пред две години.
ислуша | св.
Сослуша до крај (предавање, раскажување, концерт итн.).