испасира | св.
испати | св.
Пропати, истрада многу. Мајката многу испати со децата.
испаша | ж.
(само едн.) Пасење, напасување. Пролетна испаша.
испашка | св.
Избрка, истера. Сите до еден ги испашкав од мојата куќа.
испева | несв.
испегла | св.
Измазни, исправи нешто што е стуткано, најчесто со пегла. Убаво ми ја испегла кошулата.
испее | св.
Исполни песна, мелодија до крај. Ми се чини дека ги испеавме сите убави песни.
испека | св.
Измоли со пекање, со големо настојување. Испека да оди на летување со другарките.
испекува | несв.
испентери се | св.
Со напор се искачи некаде на високо; се изјази. Се испентерил дури на највисоката гранка на дрвото.