испепели | св.
Направи, извалка, излепи со пепел. Си ја испепели блузата.
испердаши | св.
Со пердашење исчука, измава памук и сл. Мајсторот го испердаши памукот за јорганот што требаше да го шие.
испердуши | св.
Искубе пердуви од птица (кокошка итн.). Лисицата ја испердушила кокошката, ама ја пуштила кога и се загнале кучињата.
испере | св.
Исчисти, отстрани нечистотија со перење. Ги исправ валканите кошули.
исперчен | прид.
Што е вообразен, надуен. Оној исперчен патриот секогаш се туркал понапред за да виделе и за да зборувале за него.
исперчи се | св.
Со перчење се направи важен. Се исперчи како паун пред нас, барем да има зошто!
испетели се | св.
Се направи важен, покаже сила; се.
испече | св.
а) Приготви јадење со печење. Го испече пилето и нè повика на ручек. б) Подложи нешто на печење при изработката, пред употреба. Испече глинени садови. Испече тули. Испече кафе.
испие | св.
Пиејќи земе течност до крај, испразни нешто (чаша, сад). Го испи сокот до последна капка. Испија по една чаша вино.
испиен | прид.
Што е исцрпен, физички пропаднат, ослабен. Тоа беше старец со испиено и бледо лице.