испара | св.

Со парање врати во претходната состојба тоа што е сошиено или сплетено. Испара ракав. Испара чорапи.

испарение | ср.

Производ на испарувањето, тоа што настанува при испарување на течност. Прозорците беа замаглени од испаренија и ништо не се гледаше низ нив.

испари | св.

Се претвори во пареа, мине во гасовита состојба. Водата испари од тенџерето. Испари мирисот од шишенцето.

испарлив | прид.

Што може да испарува. Го чувствуваше испарливиот мирис на липите.

испартален | прид.

Што е претворен во партали (обично за облека, ткаенина).

испартали | св.

Претвори нешто во партали, одрпа, искине (облека и сл.).

испасе | св.

Со пасење изеде до крај. Кравите ја испасија ливадата.