испика | св.
Пикне, втера едно или многу нешта со напор, со притисок. Го испика цело ќебе во едно ранче.
испили 1 | св.
Донесе на свет пиле, пилиња (за кокошка, птица); изведе. Квачката испили десет пилиња.
испили 2 | св.
Исече, изреже со пила.
испипа | св.
Пипне нешто на повеќе места. Детето ја испипа цела витрина и ја измачка.
испис | м.
Тоа што е испишано, препишано од некаков текст. Исписи од архива.
исписка | св.
Одеднаш испушти силен и остар глас, писок. Жените испискаа од страв.
исписница | ж.
Потврда за испис. Ми дадоа исписница од фудбалскиот клуб.
испит | м.
Испитување, испрашување. Го ставија на испит.
испита | св.
Подложи на испит, изврши проверка на знаењето. Ги испита сите кандидати.
испитаник | м.
Лице што се испитува по определени прашања кои имаат карактер на испитување, истражување или на анкета за некоја појава. Голем дел од испитаниците не одговориле на сите прашања.