испитен | прид.
Што се однесува на испит, што е наменет за испит. Испитни термини. Испитна комисија. Испитни прашања.
испитувач | м.
Тој што изведува испит.
испитувачки | прид.
Што има својство на испитување, што проникнува, што сака да открие нешто. Испитувачки поглед.
испише | св.
Препише од некаде (од текст, документ и сл.) повеќе факти, податоци итн.
испишмани | св.
Направи некој да стане пишман, расколеба некого, одврати од некаква намера.
испијани | св.
Опие многу некого. Го испијани човекот со ракија.
исплави | св.
Заврши со плавење. Ја исплави кошулата.
исплази | св.
Го испружи, го извади јазикот од устата. Детето го исплази јазикот.
исплакне | св.
Заврши со плакнење. Ги исплакна чиниите.
испланира | св.
Направи план. Го испланирав секој ден од наредната недела.