исплата | ж.

Давање пари како надоместок за завршена работа или заради подмирување обврска од страна на претпријатие, установа, банка и сл. кон службеник, работник, странка или клиент. Започна исплатата на мартовските пензии.

исплатен | прид.

Што се однесува на исплата. Исплатни налози.

исплати | св.

Изврши исплата. Денеска ќе бидат исплатени хонорарите.

исплатлив | прид.

Што се исплаќа, што вреди за трудот што се вложува. Работава не е воопшто исплатлива.

исплаче | св.

Излее, преточи чувство во солзи. Ја исплака сета тага што ја носеше во себе со години.

исплаши | св.

Предизвика чувство на страв кај некого. Мачката ја преврте саксијата и ме исплаши.

исплеви | св.

Исчисти од плевел. Го исплеви гравот.

исплеска | св.

Направи нешто да биде сплескано, истенчено. Ги исплеска ќофтињата. Го исплеска тестото.