испогледа | св.

Многу изгледа некого. Го испогледа од глава до петици.

испогмечи | св.

Изгмечи во голема мера, сè. Со велосипедот ги испогмечи лалињата.

испогуби | св.

Изгуби повеќе нешта. Ги испогуби сите клучеви. Ги испогуби овците низ планината.

исподави | св.

Удави повеќемина. Ги исподавија мачињата.

исподвлече | св.

Подвлече повеќе места во текст. Исподвлече сè што мислеше дека е важно.

исподели | св.

Подели нешто на многу делови. Тој го исподели лепчето на сите деца.

испожари | св.

Предизвика пожар, запали нешто. Им ги испожарија куќите.

испожени | св.

Ожени повеќемина (синови). Тој ги испожени синовите.

испозаборави | св.

Заборави многу нешта. Само што излезе од вратата испозаборави сè за што зборувавме.

испозагине | св.

Падне во борба ‒ за повеќемина. Десетина борци испозагинаа во вчерашната битка.