исповеден | прид.
Што се однесува на исповед. Исповедно писмо. Исповедна лирика. Исповедна искреност.
исповедник | м.
Свештеник што води исповед. Таа го чекаше својот исповедник.
исповедувач | м.
исповитка | св.
Извитка нешто во голема мера.
исповрати | св.
Поврати во голема мера. Исповрати сè што касна.
исповраќа | св.
Исповраќа сè што изеде.
исповрзе | св.
Поврзе повеќемина или повеќе предмети. Ги исповрза жиците за светлото во новата соба.
исповрти | св.
Одеднаш и забележливо заврти нешто. Го исповрте вратот. Ги исповрте чорапите на лице.
испогази | св.
Изгази во голема мера. Детето ги испогази мравките.
испогани | св.
Направи нешто да биде погано. Ја испогани облеката. Му го испогани името.