испожари | св.
Предизвика пожар, запали нешто. Им ги испожарија куќите.
испожени | св.
Ожени повеќемина (синови). Тој ги испожени синовите.
испозаборави | св.
Заборави многу нешта. Само што излезе од вратата испозаборави сè за што зборувавме.
испозагине | св.
Падне во борба ‒ за повеќемина. Десетина борци испозагинаа во вчерашната битка.
испозапали | св.
Запали повеќе нешта одеднаш. Ги испозапалија стрништата.
испозасолне | св.
Засолне повеќе нешта или повеќемина. Ги испозасолнавме сите што дојдоа на нашата врата.
испозаспие | св.
Направи да заспијат повеќемина. Мајката ги испозаспа децата.
испозатвори | св.
Затвори повеќе нешта. Ги испозатвори сите прозорци и врати.
испоздрави | св.
Прати, пренесе многу поздрави до некого или до повеќемина.
испоказни | св.
Казни повеќемина. Ги испоказнија сите што се најдоа на местото на настанот.