испоколе | св.

Заколе повеќе животни или луѓе.

испокорне | св.

Искорне повеќе нешта. Го испокорна цвеќето крај патеката.

испокоси | св.

Искоси целосно, сè. Ја испокосил ливадата, на неа не останало ни цветче.

испокраде | св.

Испокрадоа сè од продавницата.

испокрие 1 | св.

Покрие добро некого или нешто. Ја испокри кутијата за да не се гледа.

испокрие 2 | св.

Скрие повеќемина. Ги испокри работите под креветот.

испокрпи | св.

Ги испокрпи сите искинати чорапи.

испокрши | св.

Искрши повеќе предмети. Ги испокрши чашите.

испокупи | св.

Накупи нешто во голема мера или повеќе нешта, изнакупи. Испокупи сè што виде.

испокутка | св.

Кутне повеќемина.