испопрска | св.

Испрска во голема мера. Тој ги испопрска минувачите со цревото.

испопука | св.

Испука на многу места, добие многу пукнатини. Ѕидовите од старата куќа испопукале.

испоразбуди | св.

Разбуди повеќемина. Се развика и ги испоразбуди сите што беа во куќата.

испоразлее | св.

Разлее во големо количество. Маслото се испоразлеа по масата.

испоразрани | св.

Разрани некого во голема мера. Чевлите му ги испоразранија стапалата.

испорака | ж.

Доставување, предавање на нешто купено или нарачано. Испораката ја вршиме за два часа.

испорани | св.

Рани на повеќе места, во голема мера. Бил испоранет и лесно го заплениле.

испораскине | св.

Раскине нешто на многу парчиња. Кучето му ги испораскина фармерките.

испорача | св.

Изврши испорака, достави нешто. Поштарот ги испорача сите писма.

испорачувач | м.

Лице или организција што испорачува.