испореди | св.

Ги испореди книгите на полицата.

испорец | м.

Јагне што умира веднаш по ојагнувањето.

испорипа | св.

На знакот сите испорипаа во водата.

испосакати | св.

Осакати некого во голема мера, осакати многумина. Оваа машина испосакатила повеќе невнимателни работници.

испоседне | св.

Направи место да седнат повеќемина. Ги испоседна гостите околу масата.

испосее | св.

изнасее. Ја испосеа нивата.

испосере | св.

Посере нешто, испогани.

испосече | св.

Исече во голема мера или на повеќе места. Го испосече платното и го фрли.

испосипе | св.

Исипе големо количество, посипе на голема површина. Го испосипа брашното по целата кујна.