испоскубе | св.
Искубе во голема мера. Ја испоскуба сестричката за плетенките.
испосни | св.
испосник | м.
Монах што живее на осамено место без допир со надворешниот свет, по строго определен ред; пустиник, аскет. Испосникот беше слаб и блед.
испосништво | и.
Начин на живот на испосник.
испособере | св.
Собере во голема мера, собере сè. Испособравме различни видови печурки.
испосошие | св.
Сошие повеќе нешта, сè. За два дена испосоши сè што му беше потребно за патувањето.
испостеле | св.
Постеле сè, секаде. Испослаа нови теписи по целата куќа.
испостен | прид.
Што е ослабен од долго постење, од слаба исхрана. Испостен организам.
испости | св.
Додржи пост до крај. Ги испости велигденските пости.
испострела | св.
Стрела во голем број, сите. Ги испострелаа заробените.