испотепа | св.

Натепа повеќемина, сите. Беше лут и сите ги испотепа.

испоти | св.

Направи некој да се облее со пот. Работата нè испоти.

испотпише | св.

Потпише, стави потпис на повеќе документи. Испотпиша сè што му донесоа и излезе.

испотрие | св.

Истрие во голема мера. Си го испотри грбот од ѕидовите чекајќи да го примат на разговор.

испотурчи | св.

Потурчи многумина, сите. Го испотурчија целото село.

испотутка | св.

Истутка во голема мера. Го испотутка ливчето со телефонскиот број и го фрли.

испоубие | св.

Убие повеќемина, сите. Ги испоубија заробените војници.

испоумре | св.

За повеќемина ‒ умре во кус временски период. Испоумреа многу луѓе оваа зима.

испофали | св.

Пофали во голема мера. Сите што дојдоа го испофалија.

испофати | св.

Фати во голем број, сите. Е, вие ги испофаќавте сите риби, ништо не оставивте за другите! Полицијата ги испофати крадците.