испофрла | св.

Фрли, исфрли многу нешта, сите. Испофрли сè што непотребно се чувало со години.

испоцрка | св.

Исцрка во голем број, сите. Испоцркавме за вода.

испочуди се | св.

Се зачуди премногу. Се испочудија и не им веруваа на очите.

испочука | св.

Исчука во голема мера. Падна и ја испочука главата.

испошари | св.

Ишари многу или ишари голема површина, секаде. Децата го испошараа ѕидот со креди во боја.

испошти | св.

Со поштење исчисти. Го испошти набрзина.

исправа | ж.

Документ во кој се внесени определени податоци. Патни исправи. Лични исправи.

исправен | прид.

Што е правилен, што е заснован врз правила (законски, логички и сл.). Исправно решение. Исправен заклучок.

исправен | прид.

Што е сосема прав, што стои право. Исправена глава.

исправи | св.

Направи нешто да биде право. Исправи ја жицата.