испремеша | св.

Измеша нешто премногу, измеша сè. Испремеша сè за да ја најде кутијата.

испремешаност | ж.

Состојба на тоа што е испремешано.

испренесе | св.

Пренесе многу нешта, сè со ред. Го испренесе целиот багаж.

испрепали се | св.

Се препали премногу. Се испрепали кога помисли колку ќе го чини сето тоа.

испрепише | св.

Препише многу текстови, препише сè. Ги испрепиша сите белешки.

испреплашеност | ж.

Состојба на тој што е испреплашен. Неговата испреплашеност се чувствуваше оддалеку.

испреплаши | св.

Исплаши некого премногу. Во мракот и мачка можеше да го испреплаши.

испреплете | св.

Преплете нешто во голема мера. Ја испреплете боцкавата жица.

испреплетеност | ж.

Состојба на тоа што е испреплетено. Испреплетеноста на културите ја усложнува ситуацијата.

испреплетка | св.

Исплетка нешто во голема мера. Мачето ги испреплетка конците.