испреплетканост | ж.
Состојба на тоа што е испреплеткано.
испреполови | св.
Преполови повеќе нешта. Ги испреполовија резервите.
испресече | св.
Пресече повеќе нешта, сè со ред. Ги испресече сувите гранки на липата.
испресеченост | ж.
Состојба на тоа што испресечено.
испрета | св.
Извади нешто што било запретано. Од пепелта испретаа куп печени компири.
испретепа | св.
Претепа во голема мера. Го испретепале арамии.
испретресе | св.
Темелно претресе. Сите ги испретресоа, но не најдоа ништо.
испречи | св.
Стави нешто напреку како пречка (на пат, на премин). Го испречи автомобилот на патот.
испржи | св.
Со пржење приготви јадење. Го испржи месото.
исприкаже | св.
Прикаже, раскаже многу нешта. Ми исприкажа што се случувало додека бев отсутен.