испрегледа | св.
Прегледа многумина, сите или прегледа многу нешта, сè. Професорот ги испрегледа сите писмени работи.
испрегне | св.
Ослободи животно од запрега или од јарем. Го испрегна коњот и го пушти да попасе.
испреде | св.
Заврши со предење. Ја испреде сета волна.
испрекинат | прид.
Што е со прекини, што не е поврзан. Испрекинат говор.
испрекине | св.
Прекине на повеќе места, направи прекини.
испрекрсти | св.
Направи, стави нешто во крст, прекрсти, вкрсти повеќе пати. Си ги испрекрстија рацете.
испрекрши | св.
Прекрши на повеќе места или повеќе пати. Опашката на кучето беше испрекршена и се влечеше по него.
испремести | св.
Премести, смени место на повеќе нешта. Испремести во собата како што сакаше таа.
испреметка | св.
Преметка многу, во голема мера. Ги испреметка старите фотографии.
испреметканост | ж.
Состојба на тоа што е испреметкано.