испришти се | св.

Се покрие со приштови. Од високата температура детето се испришти по лицето.

испркне | св.

Пркне, изникне, израсте во голема мера. Испркнал многу од минатата година до сега.

испрли | св.

Осмади, изгори влакна без да ја оштети кожата. Ја испрли закланата кокошка пред да ја стави да се вари. Си ја испрли раката од огинот.

испроба | св.

Обиде, проба повеќе нешта. Ги испроба сите видови колачи. Ги испроба сите модели што ги имаше во бутикот.

испровоцира | св.

Тие ја испровоцираа тепачката. Таа го испровоцира да каже повеќе отколку што требаше.

испровре | св.

Провре нешто повеќепати, провре многу нешта, сè. Ја испровре врвката низ платното.

испродаде | св.

Продаде во голема мера, продаде сè. Испродаде сè што имаше.

испродуцира | св.

Тој го испродуцира и овој филм.

испроектира | св.

Тој ја испроектира зградата на новиот трговски центар.