испромени | св.

Направи големи промени, измени. Кога стана раководител, испромени сè.

испроси | св.

Добие нешто со просење, со молење; измоли. Денес ни еден мангар не испросив.

испрости се | св.

Се прости, се збогува со повеќемина, со сите. Се испрости со сите и замина.

испрофитира | св.

Испрофитираа на наша сметка.

испрочита | св.

Прочита нешто од почеток до крај или повеќе книги, текстови. Испрочитав многу книги ова лето. Тој испрочита сè што пишуваше во весниците за него.

испрпела (се) | св.

Магарето се испрпела во песокот.

испрска | св.

Наводени со прскање. Го испрска со ладна вода.