истороден | прид.
Што е од ист род, од ист тип со нешто. Истородни задачи.
источен | прид.
Што се однесува на исток, што се наоѓа на исток или што е од исток. Источен сосед. Источни села.
Источен Тимор | м.
Држава на островот Тимор, Азија.
источи 1 | св.
Налее течност во сад. Источи еден бокал вино. Им источи пиво во криглите.
источи 2 | св.
Добро наостри нешто (нож, молив итн.); наостри повеќе предмети, сите;
источка се | св.
точка Војниците се источкаа во далечината.
источник | м.
Извор, тоа од кое нешто се создава. Детството на авторот е источник на голем дел од неговите раскази.
Источно Кинеско Море | ср.
Море во Азија, меѓу островот Тајван, Кина и Јапонија.
истоштеност | ж.
Состојба и особина на тој што е истоштен. Дури кога дојде дома, почувствува истоштеност.
истошти | св.
Сосема исцрпи, измачи некого. Болеста го истошти.