истоштувачки | прид.
Што истоштува. Патот беше истоштувачки.
Истра | ж.
Најголемиот полуостров во Јадранско Море.
истрага | ж.
Постапка за утврдување докази за извршено кривично дело. Истрага на местото на злосторството. Полицијата реши да отвори истрага за случајот.
истрада | св.
Помине низ многу страдања. Тој не добил ништо без прво да го истрада.
истрае | св.
Издржи до крај, не попушти. Не истраја и викна по него.
истраен | прид.
Што може да издржи до крај, што може да истрпи.
истражен | прид.
Што се однесува на истрага. Истражен затвор. Истражна постапка.
истражи | св.
Со примена на определени методи (опис, мерење, експерименти итн.) испита својства на нешто во научни цели.
истражител | м.
Тој што истражува, што врши истрага;
истражувач | м.
Тој што врши истражувања. Истражувачите се убедени дека се блиску до важно откритие.