истопори се | св.

Се надуе, се направи важен пред некого. Се истопори пред соседите.

историзам | м.

(само едн.) Историски пристап во проучувањето на појавите во природата и во општествениот живот.

историограф | м.

Тој што се занимава со историографија,

историографија | и.

Проучување на историските извори и историската литература.

историчар | м.

Тој што се занимава со историја, историограф. Историчарите не се едногласни во врска со настаните од тој период.

историја | ж.

(само едн.) а) Минатото во неговиот непрекинат тек и развиток. б) Наука што го проучува минатото; проучување на минатото. Национална историја. Подалечна историја.

историјат | м.

Опис на текот на некој настан.

истормози | св.

Многу измачи некого, Денеска на работа ме истормозија.