истрани | св.
истрапи | св.
Направи, ископа трапови. Ја истрапив градината.
истраска | св.
Силно тресне повеќе предмети. Ги истраска чашите.
истрбуши | св.
Распори, извади внатрешност низ расечен стомак. Ја истрбушил рибата.
истрга | св.
Повлече, со тргање извлече. Му ги истрга ушите. Кошулата ја беше истргал од пантолоните.
истргне | св.
Извлече нешто со брзо, еднократно тргнување. Го истргна мечот од појасот.
истргува | св.
Направи некаква трговија. Добро истргувавме неделава.
истреби | св.
Заврши со требење, со чистење на нешто. Го истреби оризот.
истребувач | м.
Тој што истребува, уништувач. Луѓето се истребувачи на некои животински видови.
истребувачка | ж.